Вечна битка меѓу снаи и свекрви

Ниедна жена не може да ја замени мама, си мисли секоја мајка на син. Затоа што не треба. Но, тоа чувство на дека ниедна жена не е доволно добра за синот, малку мајки можат да го скријат. Некои свекрви стануваат пријателки со снаите, некои намерно не, затоа што сакаат да го нагласат нејзиното место дома. Еве неколку интересни приказни, позајмени од страната Mother In Law Stories: Ние сме семејство само на слика На нашата свадба, свекрвата ме замолиме да се поместам јас и сопругот, за да може фотографот да го слика нејзиното семејство. Нејзиниот зет ми кажа дека морам да се навикнам, тоа е така во сите настани, редовни, специјални… Помош по пораѓањето Откако се породив, во посета ни пристигнаа свекорот и свекрвата. Јас се породив со царски рез, не можев да се движам многу, но тие посакаа пица за вечера. Ја направија подготвија сами. Кога влегов во кујната, брашното беше на сите страни. Плус, иако имаме перална за садови, нечистите садови ми ги оставија да ги средам јас кога ќе ми биде подобро. Ни подари албум со слики од првиот брак Во брак сме осум години. Свекрвата за првиот Божиќ во брак, ни подари фото албум со сликите од нашата венчавка. Звучи убаво. Но, кога го разгледав, забележав дека таму беа сликите од првиот брак на сопругот. Таа или беше скржава или сакаше да им прати порака дека не ме почитува доволно за да ми купи нов албум. За Божиќ добив детергент за садови Се венчавме пред 5 месеци. Неговите родители не ни понудија никаква финансиска помош околу свадбата. Тоа е ок, моите родители беа тука и платија се. Мошне се традиционални по тоа прашање. Главно, нашиот свадбен подарок беше нож, кој беше пратен по пошта две недели пред свадбата. Тој нож не беше на списокот подароци. За Божиќ свекрвата ми подари детергент и тоа пред моите родители