(ВИДЕО)Комодите од IКЕА како убијци на деца?

Серија шокантни видеа се појавија откако ИКЕА одлучи да повлече комоди кои беа причина за смртност на три деца во САД за две години. Снимките покажуваат дека комодата ако не е добро прицврстена за ѕидот може да здроби дете. За да се покаже какви последици има, употребена е кукла налик на дете кое би се качило да дофати нешто на врвот. Мајката на две годишното дете кое почина, Курена Коласа вели дека не знаела дека мора да се прицврсти комодата за ѕид. Во 2014 година детето го поклопила комода со шест фиоки. „Никаде не го видов, па почнав да ги превртувам работите. Тогаш ја видов неговата глава меѓу комодата и креветот“- вели мајката. По четири месеци настрада уште едно дете. И оваа година почина на ист начин уште едно дете. https://www.youtube.com/watch?v=rIJv-DvRbuU