,

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИ НА ПЛОШТАД ВО БОСТОН СВИРАТ МАКЕДОНСКИ ОРA: Eва како тоа звучи

Американци на плоштадот Копли во Бостон свират македонски ора.  Ова го забележал Македонец кој во моментот бил на наведената локација, и се подготвувал да оди на аеродром. „Двајца музичари свиреа македонска музика на плоштадо Копли. Ви благодарам што ми го разубавивте денот дечки. Ми го разубавивте патувањето на најнеочекуван и изненадувачки начин“ – пишува Македонецот кој ги снимил двајцата Американци додека свират македонско оро. Тој не очекувал дека во Бостон ќе наиде на луѓе кои свират македонски песни и за него ова било пријатно изненадување. https://youtu.be/vMEHYJ_8Qcw