,

(ВИДЕО) БЈУТИ ВОДИЧ: Минута и пол за совршен „make up by“ Адриана Лима

Од сега не примаме изговори дека немате време да се нашминкате пред да излезете надвор (дури и рано наутро). Кога совет за убавина дели една од најубавите жени на светот, Адриана Лима, речиси ниту една жена не поставува непотребни прашања, туку ги прифаќа со две раце. А кога при тоа се работи за мал, а толку едноставен трик речиси да не можеме да веруваме дека благодарение на него Адриана изгледа беспрекорно во секој момент (добро, и генетиката има нешто со тоа). Нејзиниот совет може на секоја жена да и биде од голема помош, а ангелот на Викторија го сподели со своите следбеници на Јутјуб каналот. Вам ви преостанува да го изгледате видеото и да научите уште еден бјути лесен трик. https://www.youtube.com/watch?v=lokFoo_QD8c