(ВИДЕО) ЕДНО НЕЗАБОРАВНО ДЕТСТВО: Пораснавме со неа и уживавме да ја гледаме „Босилка“

Сигурно ви се случило седејќи да си го враќате филмот на најубавиот период од животот  - детството. Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на одличната ТВ серија во која уживаа и со нетрпение ја чекаа секоја следна епизода. Се сеќавате ли на „Опстанок“ - приказна за четирите селски дечиња кои ловејќи риба на сплавот, ќе доживеат невреме кое ќе ги однесе во дивите предели на Македонија, каде ќе ги згрижи Осамениот (Мето Јовановски). Голем број генерации пораснавме со авантурите и судбините на Босилка ( Елена Зафировска ), Петре ( Дејан Велков ), Анѓа ( Катерина Ангелова ), Стојанче ( Сашо Софрониевски ), четирите деца кои една зима поминаа заедно со Осамениот. Сигурно многумина од вас се запрашале каде е денес и што прави слаткото девојче Елена Зафировска, која го играше ликот на малата и болежлива Босилка, која на сите кои ја гледаа серијата сигурно им прирасна за срце? Денес Елена е прекрасна девојка (која уште го има слаткиот и симпатичен изглед по кој ја паметиме од ТВ екраните).   https://www.youtube.com/watch?v=OZ-4cekARxA