(ВИДЕО) Канаѓаните со атрактивен и секси танц на мраз кој ги шокираше судиите и публиката

Tessa Virtue и Scott Moir влегоа во историјата на зимските Олимписки игри како пар кој освои најмногу медали. Меѓутоа, тие поместија и други граници во овој спорт... Судиите и гледачите во Пјонгчанг се во шок после настапот на кандската двојка која беше премногу интимна во текот на својата точка на мраз. Двојката која носеше канадско знаме на церемонијата на отворање во Пјонгчанг, имено, беше премногу блиска на пробите со некои потези при што судиите ги опомениле да се смират.   Судејќи според настапот во програмата танц на мраз екипно натпреварување во уметничко лизгање, со кој освоија максимални десет поени за репрезентацијата, ни покрај опомените не се смирија. „Сакавме да воведеме нешто поинакво“, рекла Tesa по настапот кој гледачите ги остави во благ шок. „Беше блиску, така најдобр би можела да го опишам нашиот настап, токму тоа го сакавме, да внесеме малку сензуалност и современ поглед. Мислам дека мисијата успеа“, додала Tesa. Канаѓаните освоија златен медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и така станаа најтрофејниот танцов пар во олимписката историја. Тие имаат 5 медали од 3 натпреварувања на зимски олимписки игри. https://www.youtube.com/watch?time_continue=264&v=hO2xBr5EmSo