,

(ВИДЕО) Клекна пред момчето и го запроси: Тој и го скрши срцето и ја остави во солзи!

Не завршуваат сите запросувања со посакуваниот одговор, а едно кое го сместуваме во категориите тажни завршетоци е забележано деновиве во најголемиот нигериски град Лагос. Имено, девојката насред трговски центар храбро клекнала пред саканиот маж, па остана скршена кога дозна дека тој не планира да застане со неа пред олтар. https://www.instagram.com/p/Bd9-DYNjASd/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi   Што точно и шепнал на уво, веројатно засекогаш ќе остане непознато, но горките солзи кои следеа не оставија простор за негодување, барем што се однесува до исходот. Дали можеби го засрамила кога го запросила на јавно место? Дали можеби ја преценила длабочината на нивниот однос? Припаѓа ли можеби неговото срце на друга жена? Би можеле да смислиме бесконечно логични прашања, но на ова најважното одговорот го дознавме и гласеше-Не.