(ВИДЕО) Машина која пегла наместо вас

Двајцата млади британски иноватори Рохан Камдар и Тревор Кертх смислија нешто кое на дамите посебно ќе им се допадне. Изумот го нарекоа EffieОвој продукт за вас може да испегла 12 парчиња облека и тоа одеднаш за само три минути. Во предвид доаѓа се – маички, блузи, кошули, па дури и долна облека. Уредот е поврзан со апликација за мобилни, која ви јавува кога е завршено „пеглањето“. И тоа не е се, во малиот резервоар може да додадете и мирис, облеката да ви замириса убаво, пишува Дејли меил. Процесот на пеглање е едноставен -ако се работи, на пример, за кошула, треба да ја закачите на закачалка и да ја вметнете во уредот. Вратата потоа ќе се затвори, а Effie кошулата ќе ја „испегла“ со помош на силен притисок на водена пареа. Првиот ваков уред треба да се најде во продажба следната година, а засега најголем проблем е нивната цена која изнесува 700 фунти. Иноваторите се надеваат дека продажбата ќе им оди добро и велат: „Целта на нашиот уред е да го олесниме животот. Сигурни сме дека никој не сака да пегла“.   https://www.youtube.com/watch?v=z8NYzQAVF7Q