(ВИДЕО) Ориентал бенд со музичка празнична честитка

После скоро две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново. Бендот, празнично, ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.
  • Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа, велат Ориенталцидодавајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на „you tube“.
  • За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио „Анастасија“ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата.
Некаде по новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а и за овие песни се планирани и видео записи. https://www.youtube.com/watch?v=aK6yoIOGmG0