,

(ВИДЕО) „После дождот“-прва авторска песна на Fiction

Денес ве запознаваме со нов бенд. Fiction е бенд од Скопје кој го сочинуваат Петар Ѓуревски - вокал, Виктор Захариев – гитара/придружен вокал и Филип Андонов - гитара. Бендот постои од јуни 2016 година и од тогаш има настапувано во многу локали низ Скопје и низ Македонија. Жанровски се пронаоѓаат во поп-рок стилот. После Дождот е нивната прва авторска песна. Текстот е заеднички (на Fiction), додека зад музиката и аранжманот се потпишуваат Виктор Захариев и Петар Ѓуревски. Наскоро најавуваат снимање на нивниот прв студиски албум. https://www.youtube.com/watch?v=rSxLUvEdl6c