,

(ВИДЕО) Прав: Прв сингл од музичкиот проект наречен “Astrolungs”

На 25-ти декември 2017 излезе во јавност првиот сингл од музичкиот проект наречен "Astrolungs". Проектот е составен од членови на повеќе афирмирани македонски групи кои работат во изминатите 15 години. Воведната нумера "Прав" е најава за претстојниот албум, снимен во 2017 година во студиото "Enterprise" на Валентино Скендеровски, а истиот ќе се објави во целост во 2018 година. Видеото е во режија и монтажа на Fitz, а позади камерата е концертниот фотограф Стефан Рајхл. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=xN4BzLnQo04