(ВИДЕО) Савченко и Масот со брилијантна изведба на мраз стигнаа до злато со светски рекорд на ОИ

Германците Аљона Савченко и Бруно Масот го освоија насловот на олимписки победници во лизгање во конкуренција на спортски парови на Олимписките игри во Пјонгчанг, а до тоа успеаа да стигнат благодарение на сјајната изведба во слободна програма за која добија 159.31 поен што е нов светски рекорд.
Аљона Савченко и Бруно Масот по кратката програма беа четврти, но со брилијантната комбинација на скокови и лизгање во слободната програма стигнаа до злато. За Савченко ова е трет олимписки медал, со својот поранешен партнер освојуваше бронзи во Ванкувер 2010 и Сочи 2014-та. Со Масот почна да настапува по Игрите во Сочи и досега освоиле сребро и бронза на светски првенства. Инаку, Савченко е родена Украинка, додека Масот роден Французин. https://youtu.be/QB6BAsuvOTY