(ВИДЕО-ФОТО) Кајли Џенер се породи и призна зошто молчела за бременоста цело време

Риалити ѕвездата и сестра на познатата Ким Кардашијан, за чија бременост со месеци се пишуваше, конечно се породи и огласи. Кајли на 1 февруари на свет донесе ќерка. Пејачката после неколку месеци врска со раперот Травис Скот забремени и од тогаш не се огласуваше и појавуваше во медиумите. Најмладата сестра на Кардашијанови на својот инстаграм профил објави фотографија и објасни зошто молчела за бременоста. -Не сакав да ја делам бременоста со целиот свет. Знаев дека морам да се подготвам за оваа животна улога на најпозитивен, здрав начин, без стрес-напиша Кајли на Инстаграм. Младата риалити ѕвездда додава дека не сакала од пораѓајот и бременоста да прави циркус и продава ексклузивни информации на медиумите. https://www.instagram.com/p/BeycUmgFTWb/?utm_source=ig_embed -Благодарна сум им на своите пријатели и семејство што ми помогнаа овој посебен момент да го направам колку што е можно поприватен. Мојата преубава и здрава ќерка е родена на 1 февруари. Никогаш не сум почувствувала толку голема љубов и среќа. Ви благодарам на разбирањето-додала таа. Откако Кајли објави дека се породила, социјалните мрежи беа преплавени од видео снимки од бремената ѕвезда. https://www.instagram.com/p/BeyhjXaD8k6/?utm_source=ig_embed