,

(ВИДЕО-ФОТО) Кралицата Елизабета Втора прв пат на Недела на модата-седеше до Ана Винтур

Познатата „ледена кралица“ на модниот свет Ана Винтур присуствуваше на Неделата на модата во Лондон. Она што посебно привлече внимание овој пат е фактот дека покрај неа седеше ни помалку ни повеќе туку британската кралица Елизабета Втора (91) која за прв пат присуствуваше на овој настан. За своето деби на Неделата на модата, кралицата Која беше облечена во комбинација на Прада седеше покрај многу нервозната шефица на американскиот Вог, на која не и беше лесно да се опушти во друштво на Кралицата. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=obj_1JHt5QU Меѓутоа, после извесно време ситуацијата се променила, па можело да се види дека Ана ужива во разговорот со британската монархиња. Според експертот за говор на телото и комуникација Робин Кермод, изгледа дека кралицата Елизабета Втора успеала со својата искрена насмевка да ја опушти познатата Ана Винтур. -Тоа е таа отворена насмевка која сите добро ја познаваме. Не е лесно да се биде опуштен пред камери, како што можевме да видиме при доделувањето на наградите БАФТА-рекол експертот. Од друга страна генералната директорка на битанската Недела на модата Каролин Раш изгледала далеку поопуштена додека седела покрај кралицата. Таа истакнала дека кралицата била многу заинтересирана за целата ревија. https://www.youtube.com/watch?v=xBSoRRwQKOU