,

(ВИДЕО-ФОТО) Ѕирнете во домот на Рики Мартин и неговиот свршеник Џван Јосеф

Прекрасниот, секси и навидум лик кој не старее Рики Мартин е преплавен од среќа во својот нов дом, кој го дели со неговиот свршеник Џван Јосеф. 46-годишниот латински секс симбол неодамна го купил својот имот во Лос Анџелес, за којвели дека тоа е дом од соништата за него. Мартин и Џозеф ја купуваат прекрасната куќа каде што ќе живеат со 9-годишните близнаци Матео и Валентино. Заедно со неговиот успех во кариерата, Рики Мартин отсекогаш тврдеше дека семејната атмосфера и среќа дома се неизмерно богатство. Со својот свршеник, Џван е заедно две години. Јосеф има сириско и шведско потекло. Тој се занимава со уметност. Двајцата се сретнале во Лондон, каде што Џван живеел и работел во тоа време. Близнаците се родени и израснати во движење поради бројните обврски на Рики. Затоа мисли дека им треба стабилен дом во кој треба да се чувствуваат среќни. Домот на Рики и Џван  е вкусно опремен, со пастелни и природни бои. Прозорците и просториите се големи и светли, така што секогаш ќе ја чувствуваат хармонијата и атмосфера што ја дава природата. Семејството ги има своите омилени места во градината, каде што имаат скара и седат покрај огнот, и "кујната е местото каде што го минуваат поголемиот дел од денот. „Ние готвиме, зборуваме и се смееме“, вели Рики во видеото. Прошетајте во домот на Рики Мартин и Џван Јосеф во видеото. https://www.youtube.com/watch?v=2dkl0fUKHAM Фотои видеo: Architectural Digest