,

(ВИДЕО) 36 ГОДИНИ ПОДОЦНА: Смртта на актерката Натали Вуд не е несреќа, нејзиниот маж е главен осомничен

Актерот Роберт Вагнер (87) полицијата после полни 36 години од смртта на неговата сопруга, актерката Натали Вуд, го прогласи за главен осомничен за тој случај. Најновото откритие јавно е изнесено во документарната серија „48 часа“, за животот на славната актерка и мистеријата околу нејзината смрт. -Вагнер последен ја видел Натали пред да исчезне, а после 6 години истражувања на овој случај заклучокот е дека Вагнер е главниот осомничен-наведува во спомнатиот серијал Џон Корин. Актерот кој денес е во брак со актерката Џили Сент Џон (77) не одговарал на повиците и пораките на британски Дејли меил. Инаку, Натали Вуд доживеала несреќа во 1981 година, на 43 години, кога наводно се удавила откако со Вагнер и актерот Кристофер Волкен тргнала со брод до островот Санта Каталина. Чудно е што цел живот имала фобија од длабоки води, бидејќи на нејзината мајка една гатачка и рекла дека ќе се удави. Нејзиното тело е пронајдено следното утро во морето, а на несреќата претходела претходна голема караница помеѓу Вагнер и Волкен. Вагнер, како што признал и самиот, бил љубоморен на односот на Волкен и неговата жена а тврдел дека тоа било несреќен случај. -Кога слушнав дека е мртва, паднав на колена. Се чувствував како зомби, а остатокот од денот ја тешев фамилијата-рекол Вагнер. Бидејќи наводите не се поклопувале, дететктивите били сомничави, а случајот повторно да се отвори побарала и сестрата на Натали, Лана. https://www.youtube.com/watch?v=y5VX-xfO-mA Роберт Вагнер по смртта на сопругата ја презел грижата за нивната ќерка Наташа, а тврдел дека Натали исчезнала во гумениот чамец. Кристофер Волкен за овој несреќен случај и за она што се случило таа кобна ноќ никогаш не сакал да зборува.