,

Викендов не го пропуштајте најголемиот шопинг настан во Skopje City Mall!

Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете се, договорете ги вашите најблиски партнери за купување и тргнете во акција: незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday! Што може да очекувате викендов во Skopje City Mall? Од петок (24.11), повеќе од 130 локали ќе обезбедат специјални попусти кои ќе се движат од -20% до -70%. А доколку не успеете да ги прошетате сите продавници за еден ден и да си купите сѐ што ви е потребно, Black Friday во Skopje City Mall и оваа година ќе трае преку целиот викенд. “Секоја година имаме успешна Black Friday акција и потрошувачите со нетрпение го очекуваат овогодинешниот последен петок од месец ноември. И оваа година намалувањата се движат од -20% до -70% кај повеќе од 130 закупци. Водени од целта да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг, четврта година по ред го организираме Black Friday преку целиот викенд, за сите наши потрошувачи коишто не стигнале да купат сѐ што им е потребно во петок, да можат да ги искористат дополнителните два дена. Морам да потенцирам дека оваа година имаме најголем број на учесници во кампањата”. – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall. Од Skopje City Mall велат дека оваа година очекуваат најголема посетеност и рушење на сопствените рекорди и воедно ги повикуваат сите да ги искористат одличните услови и атрактивни попусти и да купат нешто за себе и за најблиските. Додаваат дека во рамките на акцијата Black Friday ќе организираат дополнителни активности со кои пријатно ќе ги изненадат потрошувачите.