ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Да полетам“ (Слаткаристика) https://www.youtube.com/watch?v=qkjrPhAlqTU Еден од првите хитови на македонскиот хипхоп-артист Марко Маринковиќ – Слаткаристика. Музиката и аранжманот се на Јован Јованов, а стиховите се негово дело. - „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее. За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот покоен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене – изјави Маринковиќ пред два месеца во интервју за „Женски Магазин“.