ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Дал има“ (Александар Тарабунов) https://www.youtube.com/watch?v=cRmZtRFuRZE Композиција со која Александар Тарабунов дебитира како кантавтор. По неколкуте рефрени кои претходно ги компонира, познатиот пејач пред две години се охрабри да ги промовира и неговите први стихови. - Конечно се охрабрив да напишам текст кој се случи многу спонтано. Беше врнежливо време, а во такви моменти креативно се отворам. За еден ден ги напишав и музиката и текстот. Ми се допаѓа насоката во која еволуира моето знаење. Поинакво е чувството кога самиот градам некоја приказна од почеток до крај – вели Тара.