ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како Настанале Македонските Хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Ако одам во Битола“ (Октет Македонија) https://www.youtube.com/watch?v=NB6sGdrQwUw

Една од најпрепознатливите македонски песни, синоним за градот на конзулите, евергрин отпеан пред речиси три децении на „Фолк-фест Валандово“ од „Октет Македонија“. Авторот Петар Георгиев – Калица во една прилика изјави дека му е мило што неговото дело станало бесмртно и посведочи дека хитот го напишал за неколку минути.

-Имав голема желба да напишам песна за градскиот живот кој низ годините исчезнуваше. Сакав тоа да биде своевиден спомен за пајтонитемераците, старите чаршии кои исчезнаа од лицето на градот. Во 1988 година, песната се роди одненадеж. Седејќи дома зедов лист хартија и ја напишав за неполни пет минути. Истовремено потекоа и текстот и музиката. Паметам, дека првата верзија ја снимивме дома кај текстописецот Валентин Соклевски. Ја свиревме на детски синтисајзер и гитара, а ја снимивме на едно мало касетофонче-раскажа Калица.

Денешното викенд интермецо го посветуваме на „Октет Македонија“ со причина. Тие добиваат „Златната бубамара на популарноста“ за животно дело.