ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Македонско девојче“ (Виолета Томовска и Кирил Манчевски) https://www.youtube.com/watch?v=cQRritQRz7g Една од најизведуваните македонски песни, препеана на најмалку десет светски јазици. Се пее и на седенки и на свадби, но и на големи спортски натпревари. Автор на рефренот е истакнатиот македонски пејач, текстописец и композитор Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во домот на неговата блиска пријателка и соработничка Виолета Томовска. Токму на една од тие средби, кога ќерката на Виолета, Невенка, го славела својот прв роденден, настанала оваа легендарна тема, првпат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.