,

Виновник за разводот не е Бред Пит: Сопругот на Анистон во прегратка на згодна русокоса

Светот уште не може да поверува во веста дека популарните актери одлучиле да стават точка на својот брак, а тие во заедничко соопштение за медиумите, истакнаа дека заедно ја донеле оваа важна одлука, пишува Glossy. -Одлуката е заедничка, и донесена со мнгоу љубов-објаснија Џенифер и Џастин, додавајќи дека остануваат најдобри пријатели. Сепак, јавноста веднаш почна да шпекулира дали некој од нив двајца бил неверен и дали во сето тоа има врска Бред Пит поранешниот сопруг на Џенифер Анистон. Судејќи според пишувањата на медиумите, Џастин бил тој кој ја нарушил брачната идила, и тоа зближувајќи се премногу со една негова колешка на која никој не се сомневал... Како пишуваат светските медиуми, срцето на Џастин наводно го украла Наоми Вотс, британската актерка и продуцентка со која тој соработувал уште пред 17 години на снимањето на филмот "Mullholland drive".     Русокосата актерка, која со години живее во Њујорк - каде Џастин се повеќе престојува во изминатите месеци, 12 години била во врска со колегата Лив Шрајбер, со кој добила две деца - синовите Александар и Семјуел. Сепак тие во 2016-та година соопштија дека се разделуваат, а Наоми од тогаш не сме ја виделе во прегратка на друг.