ВОДИТЕЛКАТА АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА Е ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА САЕМОТ ЗА ВЕНЧАВКИ: Љубовта од сопругот ме прави принцеза

Традиционалниот Саем за венчавки годинава ќе се одржува од 23 до 25 февруари во скопскиот хотел „Александар Палас“, и годинава ќе понуди интересна тема, „Во светот на Дизни принцезите“. [caption id="attachment_13985" align="aligncenter" width="657"] Сакав малку гости и бело, кусо, прилепено фустанче. Но, по желба на родителите направивме баш голема свадба и имав долга венчаница.- Александра со сопругот Оливер на нивната венчавка[/caption] Ако темата на ланскиот Саем беше пеперутка во традиционален македонски стил, годинава темата е принцеза. „Секоја невеста е принцеза, а тој збор асоцира на Дизниевите бајки. Токму во тој стил ќе биде направена пистата на отворањето на Саемот на 23 февруари, на која ќе дефилираат македонски познати личности, облечени во венчаници и костуми направени од познати домашни дизајнери. Освен тоа, настанот ќе понуди и педесетина изложувачи од сите категории потребни за организација на венчавка“, вели водителката Александар Велинова, која годинава е заштитно лице на настанот. Организатор, како и секоја година е интернет магазинот „Во бело“. Настанот се одржува по осми пат. [caption id="attachment_13987" align="aligncenter" width="640"] Во стилот на бајките на Дизни, ќе биде направена пистата на отворањето на Саемот за венчавки, на која ќе дефилираат македонски познати личности.- Александра е заштитно лице на настанот[/caption] „Како заштитно лице, јас ќе бидам во улога на Пепелашка, и ќе ја имам задачата да ја раскажам приказната за секоја принцеза. Со сите принцези се запознав при посетата на Дизниленд, таму влегуваш во бајка независно колку години имаш. Се шегувам. Како принцеза се чувствувам, од најрана возраст, благодарение на вниманието од родителите, посветеноста, пожртвуваноста, па се до денес. Сметам дека почитта која ја добива една жена од семејството, од сопругот, од децата, од средината во која живее и општеството ја прави принцеза. Сепак и тоа се заслужува во реалноста, не е како во бајките хахаха“, додаде шармантната водителка од „Тв Нова“ за својата семејна бајка. Таа вели дека исто како и насловот на темата на Саемот, таа се чувствувала и на својата свадба, со сопругот Оливер. Иако никогаш не сонувала за голема свадба и венчален фустан кој ќе се влече зад неа, носела токму таков, долг, раскошен фустан. [caption id="attachment_13989" align="aligncenter" width="672"] Со сите принцези се запознав при посетата на Дизниленд, таму влегуваш во бајка независно колку години имаш.- Александра со сопругот и со синот во Дизниленд до Париз[/caption] „Напротив, сакав малку гости и бело, кусо, прилепено фустанче. Но, по желба на родителите направивме баш голема свадба и имав долга венчаница како што споменав. Сценариото главно беше мое во консултација со сопругот. Така што имаше многу изненадувања од наши музички ѕвезди, комичари и настап на најдобрата двојка во латиноамерикански танци, а венчалниот фустан ми беше во шпански стил. Не изостанаа и нашите ора без кои не поминува ниту една свадба, така што на крај мислам дека сите беа среќни и весели. И јас и сопругот секако“, раскажа Александра. Нејзиниот син Стефан има пет години, и вели дека не е свесен оти мајка му е Тв лице. Не гледа вести, повеќе ги сака детските програми, но го интересира што се случува зад камерите. [caption id="attachment_13988" align="aligncenter" width="720"] Нејзиниот син Стефан има пет години, и вели дека не е свесен оти мајка му е Тв лице.- Александра со синот и со сопругот на зимски одмор[/caption] „Кога доаѓа кај мене на работа, прво нешто што го коментира вечерта пред спиење е: како стигнува тоа што се снима во студио до телевизорот? А втората работа која го интересира е за што служи далечинскиот (од идиотот), и зашто нема три далечински кога има 3 камери, хахаха. Знае дома на пример да глуми дека снима прилог. Се изненадив од каде го знае терминот, бидејќи се трудам да не ги заморувам со работа моите по дома“, изјави водителката. Освен работата и подготовките околу Саемот, таа е во исчекување и на резултатите од конкурсот на Министерство за култура, каде конкурирала со книгата за деца „Мали, а големи“. „Ќе ја промовираме „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“ која излезе од печат пред Нова година, а веќе првиот тираж е распродаден. Ќе се посветам повеќе на романот кој е во завршна фаза“, додаде Александра. Нејзина желба е и нова емисија која како што вели недостасува во етерот, со концепт кој ќе ги промовира песните и спотовите на домашните пејачи од поп и од фолк-музиката. За Женски магазин, Милица Џаровска