ВОДИТЕЛКАТА ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА ГО ПРОСЛАВИ 36. РОДЕНДЕН: Независноста и слободата немаат цена

Водителката на шоуто „Живот со стил“ на ТВ 24, Елена Стефановска го прослави својот 36 роденден. Елена вели дека оваа роденденска забава и била посебна, а ја поминала со блиски луѓе во пријатен и интимен амбиент, на отмена вечера во еден познат скопски ресторан. Како роденденска желба, шармантнaта водителка си посака да е среќна и насмеана, и секогаш со позитивен дух. 36-те ми се најубави на свет. Како што напишав, така навистина така и се чувствувам. Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, ни изјави Елена. Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам. Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“, изјави водителката која во секоја емисија, зборувајќи на различни теми, раскажува за животниот стил на своите гости. „Ако треба да издвојам некоја особина, тоа треба да биде човек со традиционални вредности. Жените се разликуваат од мажите најмногу според начинот на размислување“, одговори Елена во претходно интервју за „Женски магазин“, на прашањето со каков маж би можела да се замисли во врска. За Женски магазин, Милица Џаровска