,

ВО БИТОЛА ПОЧНУВА ИНТЕРФЕСТ

Со концертот на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, вечер во Битола ќе почне 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.   До 12 октомври на фестивалот ќе настапат уметници од Србија, Италија, Хрватска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Франција и од Македонија, а еден дисперзиран фестивалски концерт ќе се одржи и во Велес. – Во рамките на „Интерфест“ целовечерни музички рецитали ќе приредат Роберт Андрес од Португалија и Дино Имери од Македонија, а на 11 Октомври во Битолскиот Музеј ќе се одржи концерт на шпанска класична музика со Хоакин Паломарес, виолинист и Алберт Хименез, пијанист од Шпанија. Интернационалниот фестивал на класични музика „Интерфест Битола 2017“ завршува на 12 октомври со музички рецитал и Бетовенова вечер во изведба на Пјер Лоран Бушарла, пијанист од Франција, информираше Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на фестивалот на класична музика кој вечер почнува во Битола.