Во Македонија сексапилот е мана

ХЕЛЕНА РОЗА ЗА НЕЈЗИНИОТ НОВ ЖИВОТ ВО НОВ ЗЕЛАНД Тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна. Тв водителката Хелена Роза, која веќе две и пол години живее во Нов Зеланд, со 18 годишната ќерка Кјара и со двомесечниот син Тијан беше на гости во Скопје, за да се види со најблиските. Во градот Окленд, таа е со децата и со сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер, а сега работи како електричар. Хелена и ќерката Кјара работат како менаџери за продажба во најголемата светска компанија за наочари „Луксотика“ со седиште во Милано. Со Хелена позборувавме за нејзиниот нов начин на живот, но и за провокативните фотосесии и сексапилот по кој повеќето ја паметат. [caption id="attachment_1692" align="aligncenter" width="603"] Хелена со мајка и Роза, синот Тиан и ќерката Кјара додека беше во Скопје[/caption] „Не успеав многу да се одморам. Видов многу луѓе кои ми недостасуваа изминативе години. Имав интензивно, набиено темпо, онолку колку што можев да си дозволам поради мојот Тиан кој има 2 и пол месеци и го дојам. По 18 години, повторно имам бебе и грижата е иста како и за Кјара. Убавината да се почувствува мирисот на бебе исто така. Единствен проблем во наводници е што со 18 годишно дете веќе знам што да очекувам и во наредните години“, ни изјави Хелена. За животот во Нов Зеланд, таа вели дека е многу смирен, а луѓето таму се многу позитивни и насмеани, и не се чувствува речиси никаков стрес. [caption id="attachment_1694" align="aligncenter" width="603"] Хелена, Кјара и Игор[/caption] „Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот. Луѓето се многу позитивни, насмеани, a ако погледнеш некого подолго од две секунди, ти се насмевнува и те поздравува. Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година, и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе. Деновите со Тиан и се многу возбудливи, а најмногу уживаат во заедничките утрински прошетки крај океанот, како и ручеците со пријателите, додека Игор и Кјара се на работа. [caption id="attachment_1697" align="aligncenter" width="603"] Сопругот Игор со синот Тиан[/caption] Откако ќе се прошетаме, правам две различни јадења за Игор и за Кјара, бидејќи воопшто не консумираат иста храна. Кога ќе се вратат од работа, вечераме заедно и периодот до 21 часот кога Тиан си легнува, ни е најубавиот период. Сите сме околу него, си играме, му пуштаме музика а тој ни возвраќа со насмевки, гласно смеење и гугање“, ни раскажа Хелена. Грижата за најмалиот член од семејството е заедничка, водителката вели дека има помош од сопругот и од постарата ќерка, но поголемиот дел од денот е сама со него. На Хелена најмногу и недостасува внукот Маркијан, најстариот син на сестра ѝ, пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески. [caption id="attachment_1693" align="aligncenter" width="640"] Ми годи што ме паметат по сексапилот[/caption] „Маркијан најмногу ми недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати. Многу се радувам што ете бевме тука за нивниот четврти роденден“, вели Хелена за нејзините внуци, близнаците на Ребека. По две години колку што не е дома, Хелена со жалење заклучува дека ништо не е сменето. „Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе коишто живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал, ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања , што боли кога гледаш и слушаш“. [caption id="attachment_1695" align="aligncenter" width="603"] Секогаш сум имала поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав. - Хелена Роза[/caption] Пред да замине од Македонија, Хелена освен како Тв лице беше позната и по провокативните фотосесии. Најгледаната и најкоментирана, беше нејзината точка на стриптиз во шоуто „Јас имам талент“ кое во 2009 го изведе во студиото на „Тв Пинк“ во Белград, а се прикажуваше на А1 телевизија. По тој настап, дел од јавноста почна да ја нарекува старлета, коментар на кој Роза секогаш се лутеше и остро реагираше. „За жал луѓето не ме нарекуваат старлета туку до сега само двајца новинари, поточно еден. А тоа што ме паметат по мојот сексапил не може да ми пречи, напротив, ми годи. Ако сум сакала да биде поинаку, најверојатно не би ги правела тие фотографии. Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода. За жал во Македонија атрактивноста и сексапилот се сериозна мана“, раскажа за „Женски магазин“ водителката. За Женски Магазин,  Милиџа Џаровска