,

Во ноември овие три зеленчуци треба да бидат присутни во вашето мени

Како што сите знаеме, зеленчукот е исклучително корисен за здравјето, бидејќи содржи многу витамини, минерали, соли, кои помагаат за подобро функционирање на организмот. Денес ќе ви наброиме три есенски плодови од зеленчук, кои треба да ги јадете во ноември. Тие ќе ве подготват за зимата. Моркови Придобивките од морковот врз вашето здравје се огромни. Од сите зеленчуци морковот има највисока содржина на провитаминот А (бета-каротин), кој организмот го преработува во витамин А-моќен антиоксидант. Тој ја зголемува отпорноста на клетките против вирусите, и помага во заштитата од малигни тумори, болести на срцето, и исто така го подобрува видот. Праз Празот претставува комплекс од корисни антиоксиданти и хранливи материи. Во неговиот состав влегуваат корисните материи како витаминот К, витаминот А, витаминот Ц, витаминот Б6, манган, железо, влакна, магнезиум. Тој е добар диуретик - ја стимулира активноста на бубрезите и помага при лачењето на вода од организмот. Поради својот квалитет и поради својата ниска калоричност, празот се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со дебелината, отоци, гихт, камења во бубрезите и др. Тој има и силен антибактериски ефект. Ниската содржина на шеќери и високата содржина на протеини и витамини во него го прават соодветна храна за дијабетичари. Зелка Богатството од витамини, минерални соли, ниската калориска вредност и благотворното дејство врз организмот ја претвораат зелката во вредна состојка за секое здраво мени. Содржината на витамин C во зелката е поголемо отколку во лимоните и портокалите.