Во Спомен-куќата на Мајка Тереза, изложба „Животното дело на Тоше“

По минатогодишното гостување со изложбата „Вечниот ангел на милосрдието“ во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје од денеска до крајот на годинава е домаќин на изложбата „Животното дело на Тоше“ организирана од Спомен-куќата на Тодор Проески од Крушево. Претставените фотографии од Тоше, некои досега и непознати во јавноста, како и цртежи кои на одбележувањето 10 години од неговата трагична смрт, на 16 октомври годинава во Спомен-куќата Крушево ги насликаа студенти од Штипскиот универзитет. Изложбата се отвара сега затоа што и самиот Тоше околу празникот Свети Никола ги правел хуманитарните концерти, а собраните средства од нив, ги донирал за децата без родители. Неговата мисија ја продолжува и Спомен-куќата во Крушево и вчера организирала хуманитарна ревија од ученици и студенти. Покрај изложба на портрети од Тоше, во амфитеатарот на Спомен-куќата на Мајка Тереза се прикажува и видео од најзначајните моменти од животот и кариерата на Тоше, врачувањето на наградата „Мајка Тереза“, како и снимки од Спомен-куќата во Крушево.