„ВРЕМЕТО ИСТЕЧЕ“: Холивуд покрена петиција против сексуално вознемирување

Повеќе од 300 холивудски актери, сценаристи и режисери покренаа иницијатива против сексуално вознемирување во филмската индустрија и други области на работа. Иницијативата „Времето истече“ е објавена на целата страница на „Њујорк тајмс“ додека на нејзиниот сајт во „писмо за солидарност“ се наведува дека мора да се заврши борбата жените да се пробијат и да се слушнат. -Истече времето за сексуални напади, вознемирување и нееднаквост на работното место. Време е нешто да се преземе по повод тоа. Писмото кое е упатено на „секоја жена која морала да се брани од сексуални напади“ наведува дека таквите вознемирувања често продолжуваат затоа што виновниците и вработените никогаш не се соочуваат со последиците, пренесе БиБиСи. Холивудскиот проект опишан како „обединет повик за промени од жени во забавната индустрија за жени секаде“, следи по низа обвинувања на познати актерки за сексуално вознемирување против продуцентот Харви Вајнштајн. Кампањата, која ја поддржале над стотина актери вклучувајќи ја Натали Портман, Риз Витерспун, Кејт Бланшет, Ева Лонгорија и Ема Стоун, веќе собрала повеќе од 13 милиони долари кои ќе бидат потрошени за правна поддршка на жените и мажи жртви на сексуално вознемирување на работа.