,

Втор ден и прогласување на победниците на натпреварот во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“

Со перформанс на мраз на најмладите лизгачи и лизгачки од Македонија и настап на Мијата синоќа свечено беше отворен Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“. Настанот, кој се одржува на лизгалиштетот во СЦ Борис Трајковски започна во 19:00 часот со извлекувањето на редните броеви на натпреварувачите. На првиот натпреварувачки ден настапија 15 натпреварувачки од три држави во три интерпретативни категории. Натпреварот продолжува и денеска, а на мразот своите вештини ќе ги покажат учесниците од категориите Кадети Ц (6-8 години), Кадети Б (8-10 години), Младинки и младинци – 11+ години, Јуниорки и Сениорки. Церемонијата за прогласување на победниците во сите категории ќе се одржи во 12:30 часот на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски. Натпреварот, чија цел е да го промовира и популаризира уметничкото лизгање како спорт во нашата земја, е во организација и реализација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и Спортскиот центар Борис Трајковски.