,

(Галерија) Ако сакате да бидете уникатни оваа зима, ова е вистинскиот начин

Иако можеби не изгледа така поради не толку високите температури, зимата е во полн замав, па затоа би било добро да се подготвите со топла облека. Освен големите џемпери што се модерни оваа сезона и од кои треба да поседувате барем еден, дебелиот зимски капут е она што најмногу ќе ве загрее во екстремно студените денови. Црните палта секогаш се модерни, но што е со другите бои? Нови колекции на светски познати брендови на облека имаат безброј палта во свежи нијанси. Ако сакате да бидете уникатни, ова може да биде вистинскиот начин да го направите тоа. Секоја девојка има црн мантил, но истото важи и за црвениот, розовиот или синиот мантил? Веројатно не. Долгите палта се особено привлечни оваа сезона. Затоа, немојте да се колебате воопшто. Погледнете ги нашите предлози.