,

(ГАЛЕРИЈА) Ива Спасовска измами воздишки

Екстравагантноста и гламурот повторно предизвикаа воздишки на ревијата Есен/Зима 2017 на модната дизајнерка Ива Спасовска. Есен/Зима 2017 Модната ревија беше организирана од агенцијата за дизајн и маркетинг Pageland. Ревијата беше посетена од 400 луѓе, меѓу кои пејачките Симона Попоска, Мартија Станојковиќ, Лина Пејовска, прекрасната Лаура Крлиу, Зоран Фаци Василевски, водителката Ирена Спироска, креативните сопственици на Signori и многу други. Меѓу професионалните манекенки од Студио Црнокрак, продефилираа и други личности, од кои познатиот тренер за личен развој Катерина Ангеловска, водителката Анастасија Деа и секако, неодоливите Мики и Светлана Црнокрак. Новите колекции на Ива Спасовска се вклопуваат во секојдневието, додавајќи необичност и оригиналност која е веднаш препознатлива. Од неодолива свечена тоалета и црвен латекс фустан, до свилена кошула и панталони, веќе имате избор на outfit за вашиот работен ден, вашиот ноќен живот и каква било свеченост која наѕира во близина, да, мислиме баш на Нова Година! Не ги заборавивме и мажите, има совршена бизнис/свечена и ноќна комбинација и за нив! Погледнете некои слики од креациите од ревијата Есен/Зима 2017 и доколку сте заинтересирани за закажување на термин во Ива Спасовска Ателјето, кликнете тука: http://bit.ly/2C0XlgL. Сликите се од талентираните MV Visual Production, P.S. Photography и режисерот и фотограф Зоран Зонде Стојановски кои го фотографираа и снимаа цел настан.