,

(ГАЛЕРИЈА) Како да го носите хитот Чорапи-чизми и оваа сезона

Чорапи-чизми се модел на обувки на кои веќе неколку сезони едноставно не можеме да им одолееме.. Покрај својот единствен изглед кој постепено го свртува вниманието, тие и понатаму се исклучително удобни и топли за студените денови со кои секојдневно се соочуваме. Идеално стејтмент парче кога сакате да го  издигнете на високо ниво вашиот целокупен изглед. Со фармерки, фустани, здолниште, или некое друго модно парче, чорапи-чизмите можете да ги носите со било што и било каде, независно од вашиот личен стил бидејќи се компатибилни со се и едноставно дамите ширум светот ги обожаваат. Затоа ви избравме неколку најубави стајлинзи со фокус на овој модел чизми, како би ве инспирирале да го пробате овој тренд оваа зима. Погледнете како ги носат познатите улични ѕвезди оваа сезона.