,

(ГАЛЕРИЈА) Лежерност и префинетост во новата колекција пролет/лето на Ралф Лорен

Ралф Лорен за својата нова колекција за проелт/лето 2018 инспирација нашол на Јамајка. Овој американски дизајнер ја започна својата модна ревија со лежерни фустани со плави и бели детали. Од елегантни дневни фустани, до макси фустани со шлицеви и цветни здолништа, секој изглед кој можевме да го видиме на пистата издишуваше префинетост. Гардероберот на жените во визијата на Ралф Лорен сепак, не може да биде целосно опуштен. За формални прилики новата сезона ни понуди пругасти одела, луксузни плетени предмети и фустани декорирани со штарс. Манекенките воглавно по пистата прошетаа боси или носеа едноставни сандали со каишки, а од познатите имиња се издвоија Бела Хадид, Џоан Смолс и Роми Стрејд.