(ГАЛЕРИЈА) Мали модерни соби и канцеларии

Уредувањето на домот често знае да ни одземе доста време и залага голем процент на креативност и посветеност, но сепак е креативна работа во која секоја дама ужива. Да се уреди мала соба е потешко отколку што изгледа, но со вистинските детали во неа, не сте далеку од создавање на вистинска оаза во вашиот дом. Пастелните бои отсекогаш ја давале топлината на еден дом, притоа дозволувајќи играње на стилови и вкусови во недоглед. Брзото темпо на живеење често знае да не задржи и во нашите домови, каде поголем број од луѓето ги извршуваат своите обврски токму од својот дом, па така многу од нас дел од нашиот домашен простор го имаат преуредено во креативни канцеларии, за кои не е потребна голема инвестиција, туку сепак малку повеќе креативност. Создадете катче зад себе каде обврските ќе бидат повеќе задоволство отколку напор, кое ќе го уредите по ваш вкус, а времето поминато во него ќе ги создаде најдобрите приватни и професионални проекти и идни планови. Внесете дел од својот карактер и душа во секој детал, купете си нова работна фотелја и тепих во пастелни бои, а доколку ја уредувате вашата спална соба, нова постелнина и шарени пернички во боја, секогаш го менуваат драстично изгледот на една соба. За вас, издвоивме неколку предлози на како да ја уредите канцеларијата или спалната соба во вашиот дом.
За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com