,

(ГАЛЕРИЈА) Модни комбинации за секој ден од февруари

Февруари како втор и месец на љубовта е еден од оние во кои времето навистина се менува - или ќе биде добро или ќе биде вистинска зима. Сепак прогнозата ни ветува повеќе сонце отколку облаци. Од друга страна, веќе „стапнавме“ во нови проекти и планови кои ни ги донесува новата година, а бројот „18“ повеќе не го мешаме со „17“ кога го пишуваме датумот. Што се однесува до модата, се запознавме со новите трендови, а сега е време и да ги внесеме во стајлингот и да пробаме нешто ново. Инспирирајте се од љубовта и дозволете си себе си да изгледате секој ден елегантно, женствено и убаво. Фармерките заменете ги со сукњи или долги фустани, или обратно, пробајте облека со карнери, и финиширајте го стајлингот со интересен накит за кој некогаш мислевте дека нема воопшто да ви стои. Во галеријата ве очекува по еден стајлинг за секој ден во февруари, а на вас е да изберете кој ќе го ископирате или ќе ве инспирира.