,

(ГАЛЕРИЈА) ПЕТ НАЈУБАВИ МОДЕЛИ: Миди чизми кои ќе ги носиме на прагот на пролетта

Постои едноставен стилски начин да ја дочекаме новата пролетна сезона. За почеток ви предлагаме да си набавите некои миди чизми во кои ќе го обележите самиот старт на пролетта.

Веруваме дека и вам ви досади масивната и тешка зимска гардероба, како и шетање на длабоки чизми и да ги броите деновите до моментот кога ќе скокнете во полесна облека и обувки.

Февруари е секако време да почнете да размислувате однапред за детали кои би можеле да ја обележат новата сезона. Кога велиме детали мислиме на оние модели кои преминот од една во друга сезона ќе го направат некако природен и помалку стресен. Пролетните чизми малку над глуждовите се наш прв моден пик, бидејќи лесно го надоградуваат секој изглед-од лесни фустани, преку фармерки, па до изданија наменети за вечерни излегувања. Во продолжение погледнете кои модели  ни ги предлагаат луксузните модни куќи, а можат да ви бидат инспирација.