,

(ГАЛЕРИЈА) Славната актерка се почести со дом од соништата

Славната актерка Кристен Виг одлучи да се почасти со историска недвижнина во калифорниската Пасадена. За новиот дом ѕвездата од филмот „Деверуши“ издвоила околу 3 милиони долари, а според пишувањата на американските медиуми, се работи за имот кој се наоѓа во Националниот регистар на историски знаменитости. Делото на славниот архитектонски двоец, Nomland и Nomland, е изградено во 1947 година и има 4 спални соби и три купатила, а целосно е реновирано во 2012 година. Од фотографиите јасно е да се заклучи зошто поседува култен статус, а со дневниот престој од отворен тип доаѓа и многу простор за забава со прекрасен базен во преубавиот двор.