ГАЛЕРИЈА Тања Кокев ѝ намигна на машката публика

Со одличен диџеј сет на Соња Исмаил и емотивна порака за починатиот татко, Тања Кокев во Александар Палас ја раскажа својата најнова модна приказна. Различна, во бои во кои највпечатливо се наметнуваше старо злато, на моменти ја провејуваше нитката по која е препознатлива кај модната публика. Она што овојпат е различно е нејзинитo обраќање до машката публика. Машките костими се надополнети со специфични обувки. Ова е модниот сигнал кој таа го испрати до нив. Во колекција  понуди различни парчиња, од спортско елегантни, преку деловни костими со интересна кројка, до свечена тоалета. Вики Чадиковска, Фотографија Женски Магазин преземање на фотографиите и текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин