,

(ГАЛЕРИЈА) ЧАНТА ЗА СЕБЕ-Шик предлози од MONA И FURLA

Кога би прашале една дама, за што би го потрошила и последниот денар што го има во својот новчаник, голема е веројатноста ако не и сто проценти да ви одговори би ги потрошила на пар добри чевли, чанта или шминка. Секогаш нешто е потребно во женскиот свет и никогаш не е премногу. За добар квалитет и пред се шик избор на чанти, со сигурност се издвојуваат Српскиот бренд MONA како и италијанскиот бренд FURLA. Навистина пленат со своите принтови кои ве освојуваат на прв поглед и кои не ви оставаат избор да кажете НЕ. И не е важно од кој од овие два бренда би поседувале чанти, изборот е голем, секогаш во чекор со трендовите, а квалитетот е 100 проценти загарантиран. Можете да ги комбинирате во најразлични вечерни или дневни модни комбинации, каде перфектно ќе се вклопат во вашата секојдневна модна приказна. Овие два бренда, кои само по себе се лидери во модната индустрија и се олицетворение на една дама што има префинет вкус, често знаат да бидат и во потесна модна трка на одредени модни аксесоари и чанти. Од елегантни и ексклузивни чанти па се до шик и ултра модерни, во продавниците на MONA и FURLA секоја жена се чувствува како дете во слаткарница. Една ташна плус никогаш не е доволна ниту премногу кога станува збор за женскиот моден апетит. Не се обидувајте да предомислите жена кога се работи за чанта, бидејќи без никаков проблем ќе ви наведат долга листа на причини зошто би требало да се поседува токму посакуваната чанта, а веќе на втората слушната причина, ќе се откажете и ќе и честитате на вашата сакана за новата чанта во нејзината колекција. Доколку се размислувате што да си поклоните себе си, и воедно не мора да има добра причина за тоа, или едноставно сакате да изненадите некој од вашите најблиски како и брачни партнери, брендовите MONA и FURLA се овде да ги задоволат сите модни сетила на една дама. За вас, ги издвоивме нашите омилени модни предлози на чанти од нивните колекции.     За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeaderblog.wordpress.com/