,

(ГАЛЕРИЈА) MANGO КАМПАЊА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2018

Новата кампања на MANGO за сезона пролет-лето 2018 се фокусира на интимноста, врската меѓу луѓето и повикот кон природата. Моделите Ана Еверс, Амбер Валета и Ноа Милс рефлектираат различни карактери во иста средина, истакнувајќи го чувството на припадност во група. Обединувачката порака се чувствува и преку познатата песна „Sea of Love“ реинтерпретирана од Кет Пауер. Портретите во оваа разнообразна кампања се фотографирани во „пустинска“ природа преку визијата на италијанскиот фотограф Марио Соренти, кој ја истражува комбинацијата на природата и постојаниот растечки тренд на модата и новите технологии.   Брендот се стремеше да креира кампања во која се вклучени социјалните мрежи и ги вклучи нивните корисници во донесувањето на одлуките во однос на облеките кои ги носат моделите. Оваа иницијатива има една цел – да креира заеднички простор со своите клиенти, потенцирајќи го единството помеѓу луѓето кои ги споделуваат истите страсти за модата, трендовите и она што брендот го нуди. Клучен елемент во овој проект е хаштагот #MangoGirls, каде што корисниците низ целиот светот можат да ја претстават својата интерпретација на MANGO колекциите. Во женската колекција се потенцирани деликатни и лесни парчиња со транспарентни детали кои се комбинираат со парчиња во поширок крој. На материјалите преовладуваат набори, принтови, релјефни шари и текстури кои во комбинација со палетата на неутрални бои даваат природен и органски изглед. https://www.youtube.com/watch?v=7XlLyUUqFmQ&feature=youtu.be