,

(ГАЛЕРИЈА) White Ivy 2018 by Antonija Ristovska Bride

Новата колекција венчаници White Ivy 2018 е создадена со инспирација од тоа што идните невести најмногу го сакаат: софистицираност, гламур, единственост и доза на романтика. Инспирирана од винтиџ модата и посакуваниот ретро стил, во создавањето на новата колекција ја пренесов ретро нишката ѝ и дадов младешки призвук и урбана нота. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чувството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата. Пред објективот на Ани и Дими, фотосесијата е направена со Сара Цветанова и Сандра Цветкова од Модната агенција Моделс ин, во амбиентот на Хотел Александар Палас.   Фризура  е на Дарко Петковски од Hair Hause, а шминка Васе Доковски Колекцијата ќе биде претставена на Саемот за венавки - Реци да - кој ќе се одржи на 09.10. декември во Хотел Crowne Plaza во Белград.