Годините ме научија дека..

Годините ме научија дека не мора да ме разберат многу луѓе за да би живеела мирен и задоволен живот. Ме научија дека немам пред кој да се оправдувам и докажувам. Секој човек е свет за себе и нема потреба да се споредува со другите, како што планетите и ѕвездите на своето небо, не се споредуваат една со друга. 

Годините ме научија да внимавам на кој му верувам бидејќи многу со убавите зборови направија зад себе таков пустош што не би направиле ниту најлошите зборови. 

Годините ме научија никогаш на испит или искушение да не ги ставам добрите луѓе. Зошто да ги проверувам? Кој сум јас тоа да го правам и откаде ми е тоа право? Луѓето кои вредат секој ден ја докажуваат својата вредност со она што го оставаат во својот и туѓ живот, а секоја тешка ситуација може да биде предизвик за вас. 

Годините ме научија дека срцето не е камен и дека кога некои луѓе премногу му ги приближиш нему, мора да биде подготвен да поднесеш и удари кои тие може да ги направат кога се најдат тука. 

Годините ме научија дека не е важна убавината која ги заслепува очите, убавината која соборува на прв поглед туку дека е важна таа внатрешна убавина која ја привлекува душата и која никогаш нема да избледи. 

Годините ме научија дека некогаш кога помислиш дека немаш пријатели дека баш тогаш ќе ги најдеш, а некогаш кога си сигурен во пријателската вредност и верност те изненади неговото заминување и се прашуваш дали таа апсурдна ситуација во животот е можна. 

Годините ме научија дека не треба многу себе да се сфаќаш за сериозно бидејќи тогаш секоја грижа ќе се надува како болон кој ќе се шири се додека не пукне. Само треба да се намали значењето на егото и се ќе тргне во друга насока. Затоа секогаш биди подготвен да се опуштиш и животот да го сфатиш како едно прекрасно патување  во кое треба да се ужива бидејќи тоа што го имаш сега не е гаранција дека ќе остане твое и во иднина. 

Годините ме научија многу работи и уште ме учат секој ден.