ГРУПАТА „ЉУБОЈНА“ ВООДУШЕВЕНИ ОД КОНЦЕРТИТЕ И ПОСЕТАТА НА МЕЛБУРН: Нашинците во Австралија се многу „кул“ луѓе

По двата одржани концерти во Мелбурн, Вера Милошевска-Јосифовска, вокалот на познатиот етно-состав Љубојна вели дека и е драго што во Австралија луѓето се жедни за убава, вкусна музика. Утревечер, (петок) и во сабота, Љубојна ќе одржат два концерти во Сиднеј. За „Женски магазин“, Вера го пренесе искуството од настапите во Мелбурн, но и местата кои таа и „Љубојна“ успеале да ги посетат. [caption id="attachment_17494" align="aligncenter" width="640"] Луѓето во Австралија се жедни за вкусна музика.- „Љубојна“ по настап во Мелбурн[/caption] Ова е наша прва посета на Австралија, прво концертно искуство тука. Во петокот одржавме концерт во „Сант Моранг“ театарот и фасцинантно беше колку многу луѓето уживаа. Овде луѓето вообичаено немаат можност да слушаат концерти на автентични македонски артисти. Освен забавите кои се организираат, никој не се интересира да организира концерти. Во таа смисла големо благодарам до Ромео Георгиев и МКУД Јане Сандански од Мелбурн, што направија беспрекорна организација за нас. Во саботата пак, концерт одржавме и во хрватскиот клуб Саншајн. Општото чувство мое, е дека луѓето се жедни за нешто ново, жедни се за убава, вкусна музика, за многу повеќе артизам. Жедни се пред се за автентичен звук и го препознаваат она врз кое што е изградена музиката на „Љубојна“, а тоа е оригинален звук претставен низ спектарот на светската музика“, откри Вера и додаде дека општото мислење за Македонците кои живеат во Австралија, кај нас е сосема погрешно. [caption id="attachment_17497" align="aligncenter" width="640"] Аквариумот преполн со забава, перформанси и филмчиња, видови на риби и цицачи кои се фасцинантни од близу.- Вера и Оливер Јосифовски[/caption] Мислам дека треба да се ослободиме од оние застарени стереотипи и претстави за нашинците тука. Јас сите што ги сретнав дури и оние постарите, беа многу кул луѓе, многу од нив и во мешани бракови, инфилтрирани сосема во животот тука. Со љубов кон Македонија се разбира, но многу современи. Австралија е многу релаксирана и отворена земја, направена е така за никој да не се чувствува странец. Со многу убавини, многу можности, настани и фестивали. Се надевам следен пат ќе одиме и на еден од нив. Турнејата ни продолжува во Сиднеј, концерт ќе одржиме во петок“, раскажа уникатната уметница. За градот Мелбурн, таа вели дека во него има многу места да се видат и да се пробаат. [caption id="attachment_17496" align="aligncenter" width="640"] Мелбурн го разгледавме и пешки и туристички, онака „сајтсиинг“ со автобус на кат, се фрливме од „Еурека билдинг“ од 88 кат и се капевме во Јужен Тихи океан.- Вера и Оливер[/caption] Нашиот избор падна на неколку топ места - „Вереби сафари“ зоолошката, цветната градина и паркот со столетни дрвја, Аквариумот преполн со забава, перформанси и филмчиња, видови на риби и цицачи кои се фасцинантни од близу! Мелбурн го разгледавме и пешки и туристички, онака сајтсиинг со автобус на кат, се фрливме од „Еурека билдинг“ од 88 кат и се капевме во Јужен Тихи океан“, ни раскажа Вера и додаде дека она во што особено уживала е вкусната храна. Има многу специјални локали и љубезна атмосфера. Суши пред, после и во секое време, бидејќи тука е секојдневие. Можеби сме единствените Македонци кои не биле на шопинг првите пет дена, ама верувам ќе имаме шанса и за тоа“, изјави Вера. За Женски магазин, Милица Џаровска