,

Дали е поздраво да јадете свеж или цеден портокал

Живееме во време кога секојдневните обврски ни диктираат како ќе се храниме,  а кога станува збор за храната често правиме грешки. Но, грешиме и кога правиме сокови со цел да ги надополниме потребните витамини. Живееме во време кога се популарни смути и цедените сокови, но за нив мора да знаеме одредени правила. Доколку сакаме да го направиме најдобриот сок, мора да знаеме како е прават, со кое овошје и зеленчук. Соковите се добри бидејќи содржат храниви состојаки, а ако се направени од слатко овошје го качуваат шеќерот. Дијабетичарите треба да внимаваат какво овошје ќе користат. Најдобро е да направат комбинација на овошје и зеленчук. При изборот на овошјето за сокови треба да го изберете овошјето кое одговара на вашето здравје. Доколку имате чир или гастритис, избегнувајте лимон, портокал, брусница, јаболка. Луѓето кои купуваат уреди за правење на сокови прават големи грешки, бидејќи кога овошјето е во контакт со метални делови се губат витамните. Па затоа, најдобро е овошјето да го цедите во платичен сад, а потоа сокот да го сипете во стаклена чаша. Често при правење сокови во соковници додаваме и други витамни како што се мед, млеко, чоколада. На тој начин на соковите им даваме непотребни калории. Најздрав начин е овошјето да го цедите со пластична чедалка. Најздраво е да консумирате цел портокал, бидејќи ги внесувате сите витамини кои ги содржи овошјето. Со јадењето не ги губите хранливите состојки.