Да се биде луд во болно општество е вскушност здраво

Да се биде нормален значи да се биде болен. Кришнамурти еднаш рекол, „не е мерило здравјето да биде добро прилагодено на длабоко болно општество.“ Меѓутоа, да бидеш роден и донесен во вакво општество, многу луѓе не сфаќаат дека тоа е болно, дел од оваа болест, како и рибата, која живее во вода, не може да сфати дека е дел од морскиот живот. Што значи да се живее нормален живот? Во модерниот свет, посебно на запад, тоа е да се се биде со испран мозок во раниот период во текот на школување, подоцна на работа како робови скоро до крајот на нашиот живот се натпреваруваме со други едвај да преживееме, безумно конзумираме продукти кои ни ги наметнале медиумите, додека во исто време ја уништуваме планетата на некоја живееме, полека го труеме нашиот физички организам, хранејќи се со храна која предизвикува болести. Ако застанете на момент и размислите, можеби ќе сфатите дека овој начин на живеење е апсолутно болен, но е прифатен од скоро сите како здрав. Во суштина, оние од нас кои се подобри во рамки на ваквото живеење се сметаат поуспешни и почитувани, додека оние кои се поинакви, сензитивни и интелигентни, оние кои имаат желба да креираат поинаков пат во животот се сметаат глупи, чудни или пак болни.   Но која е поентата да се живее како што повеќето луѓе живеат? Животот може да се живее многу подобро-можеме да живееме исполнети со насмевка и љубов, со желба да бидеме креативни, да бидеме во мир со себе и со други, благодарение на дарот на постоењето. Да се буниме против нормалноста Бунтот против чопор е најтешка работа која можете да ја направите бидејќи ви е потребна храброст да бидете искрени со себе и останатите. Да ја огласите вистината во свет каде речиси сите живеат во лага е прилично рискантно да се направи. Говорејќи ја вистината значи да се оди против традицијата, што значи спротивставување на менталитетот на масата и да се има сила да се продолжи својот пат без разлика со колку потешкотии се соочувате.   Имало многу луѓе кои имале храборост да се спротивстават на нормалноста на болното општество, но многу од нив не можеле да се носат со негативните последици кои ги почувствувале на себе. Кога никој не може да ве разбере, и кога сите се обидуваат да ве спуштат и помогнат повторно да се вклопите во друштвото, лесно е да се изгуби храброста. Затоа некои луѓе со сјаен ум кои некогаш оделе по земјата страдале од ментални болести и емоционални проблеми. И се досега, после долго време од кога починале, се говори дека се гении, кога биле живи се сметале за чудни и лудаци. Осудете се да бидете луд Ако брзате да живеете онака како вие сакате а не како другите сакаат, треба да соберете храброст во срцето да бидете малку луди-луди кон општествените стандарди. Треба да се оддалечите од чопорот и да го следите својот повик, без да се грижите што ќе мислат другите за вас. Треба да сакате да поминете низ тешки времиња и да ја искусите болката, без откажување да ги претворите своите соништа во реалност.