ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Две најкратки тајни за среќа според Ајнштајн

Алберт Ајнштајн беше еден од најголемите генијалци, но не е теоријата по релативитет единственото нешто по кое треба да се сеќаваме на него. Она што се крие зад неговата тајна на среќата е еднакво важно за паметење. 

Славниот научник зад себе остави сопствена тероија за постигнување на среќа и животно исполнување, а нема баш никаква врска со физиката. По 95 години некој анонимно оставил на продажба две пораки, кои на германски јазик ги напишал легендарниот нобеловец. 

Алберт Ајнштајн во 1922 година бил на турнеја во Јапонија кога доставувач му испорачал порака во хотел во Токио. Кога сфатил дека нема доволно пари да му остави бакшиш, познатиот генијалец му напишал две пораки кои всушност биле животни совети. 

* Мирен и скромен живот донесува повеќе среќа од потрагата за успех која секогаш е немирна. 

* Каде има волја, има и начин.