,

Денес е ден на детето

Секој 20-ти ноември се слави Денот на детето. Целта на овој ден е да се потсетиме на сите тешкотии со кои се соочуваат децата во светот и да размислиме за тоа како да им помогнеме. Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште има деца кои живеат во лоши услови, а тие имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето. Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Да ги напоравиме децата среќни, не само денес. Нека бидат среќни секој ден. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги Ако вашиот син сака да биде полицаец, а вашата ќерка сака дабиде балерина, почитувајте го тоа и поттикнувајте ја нивната љубов кон тоа. Охрабрувајте ги и носете ги на места каде што ќе може да се запознаат со работите за кои чувствуваат страст. Учете ги да бидат благодарни Кажете им за што сè сте благодарни. Кажете им колку тие ве прават среќни и задоволни што прават одредени работи. Тоа може да биде прегратка или неочекуван бакнеж, но може да биде и собирањето на играчките или средување на собата. Децата брзо ќе сфатат дека среќата е во малите работи. Не приговарајте многу Обидете се да бидете колку што можете помалку негативни и колку што можете помалку приговарате, посебно кога се вашите деца во близина. Ако им упатувате критики на нив може да им ја расипете самодовербата. Приговорите обидувајте се да ги задржувате за себе, па кога ќе се соберат доволно, напишете ги на лист и на мирен начин кажете му на вашето дете како да решите одредени проблеми. Покажете им ја светлата страна на животот За вашите деца да бидат оптимистични, прво вие мора да имате оптимистичен став кон животот. Следниот пат добро размислете пред да реагирате лошо во одредени ситуации. На пример кога ќе се најдете во сообраќајна турканица, немој да се нервирате пред децата. Наместо тоа, тој период искористете го за да минете време во комуникација со него. Поттикнувајте ги да помагаат во заедницата Волонтирањето со вашите деца ќе ви биде вистинска авантура. Учете го детето да им помага на другите. На тој начин ќе направи добро дело и позитивно ќе влијае на другите луѓе, но и самото тоа ќе се чувствува среќно и исполнето. Не гледајте вести, барем не со децата Вестите се преполни со негативни информации од целиот свет, па ако децата гледаат вести тешко ќе им биде да останат позитивни.Оставете ги да уживаат во нивниот свет и да бидат без грижи колку што може подолго.