,

Дени и Ана од Антенна 5–позитивни гласови што уживаме да ги слушаме наутро на радио

Дени и Ана се долгогодишен тим на Антенна5, со термин во утринските часови во емисијата Светот на музиката, кои преку интересна и весела комуникација, со омилените хитови на слушателите им го прават денот поубав и порадосен. Овие две радио водителки ја користат моќта на своето грло, со динамичен глас да ја расонат македонската јавност, да информираат за новостите од домашната сцена и светот, како и да објават филмски вести, концерти и настани и информации од културата. Дени и Ана, буквално го живеат радиото, а нивните гласвои најдобро звучат наутро, кога на сите ни е потребно позитива за свеж старт на денот. Пред празниците, Септолете тотал започна кампања со која им се заблагодари и им оддаде признанија на радио водители чии гласови одекнуваат само во позитивни вибрации во медиумскиот простор. Во време кога содржините во медиумите се исполнети со говор на омраза, дискриминација и сегрегација, овие примери кои безрезервно шират позитивен и љубезен говор, користејќи ја моќта на своето грло, заслужуваат да бидат препознаени и истакнати. Помеѓу радио водителите кои Септолете тотал ги истакна како особено вешти поединци за ширење на љубезен говор во медумите, се Ана Шутиноска и Даниела Станоевска Џидрова, или познати едноставно како Дени и Ана од Антенна 5 радио. Септолете тотал со признание им се заблагодари за несебично сеење на убави, среќни и инспиративни зборови во своите медиумски настапи и емисии.