Дерматолог од Холивуд советува како да имате сјајна кожа

Докторот Харолд Спенсер соработува со бројни холивудски ѕвезди меѓу кои се и Бијонсе, Викторија Бекам, Ким Кардашијан. Ви претставуваме 10 негови совети за нега на кожата.

Производството на колаген се забрзува во текот на спиењето, па затоа неопходно е да имате доволен сон. – Не се мијте и не се туширајте со врела вода, таа ја суши кожата – Навлаките за перници перете ги што почесто, дури и два пати неделно, а важно е да бирате понежни детергенти. – Бидете доследни во својата рутина и редовно правете пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. -Вашата исхрана нека биде богата со протеини, затоа што на кожата, косата, ноктите им се потребни за раст. -Намалете го внесот на шеќери и соли, затоа што само ви штетат на линијата и на здравјето, но и на вашата кожа. -Премногу соли ја задржуваат течноста, а освен тоа, вишокот соли со потење се исфрлаат на површината на кожата. -Не го допирајте лицето често, затоа што со тоа ја зголемувате можноста за појава на митесери. -Редовно чистете го смартфонот со медицински алкохол и на тој начин пренесувате многу бактерии на своето лице. -Секогаш со себе носте шишенце вода, хидратацијата е клучна за убавината на кожата -Краставиците се одлична храна за кожата, поради процентот вода кој го содржат. Парчиња краставици користете за ублажување на подочниците.